Србин со нож ја избол бремента сопруга и 11- годишниот син, а потоа се самоубил.

Откако пред две недели во селото во Чачак, се обидел да ја запали семејната куќа во која се наоѓале неговата сопруга и децата, Р.К. бил ослободен од психијатриското одделение, но повторно ја нападнал сопругата.

На 17 ти доцна вечерта тропаше на вратата и никој не му ја отвори. Остана таму до утрото и кога децата ја отвориле вратата, тој упаднал внатре и ја нападнал несреќната жена. Тој зел нож од кујната и ја прободел во стомакот. Нивниот 11-годишен син се обиде да ја одбрани својата мајка, но тој исто така го нападна и му нанесе расекотини на прстите – изјави жител на Заблаже.

Триесетгодишната Даниела била пренесена во боница поради тешки повреди на стомакот и цревата, а операцијата траела неколку часа.

Нејзината состојба засега е стабилна. Била поврзана со апарати за дишење, а лекарите успеале да и ја спасат бременоста – потврдено е во Општата болница во Чачак.

Откако се обидел да ја избере својата мајка, бил повреден нивниот син (11), кој исто така бил опериран вчера, бидејќи по дијагнозата било утврдено дека имал и сериозни повреди на раката.

Р.К се дал во бегство, но според српските медиуми тој бил пронајден синоќа обесен, недалеку од куќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.