Пет месеци по еден од најбрзите грабежи на продавници во историјата, италијанските власти решија да ја споделат снимката од безбедносните камери.

Грабежот на продавницата на „Гучи“, во Пјеве дел Каиро, во близина на Милано во Италија се случи на 11 ноември минатата година, а во него учествуваа еден Србин и еден Босанец, кои пред шест месеци се уапсени и осудени се на три години и четири месеци затвор.

На снимката може да се види како криминалците со автомобил влетуваат во продавницата и за само четири минути успеваат да украдат пари и стока во вредност од 200.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.