Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во околината на Велес во близина на езорото Младост засади дрвце, како дел од акцијата „Засади 75 дрвја за 75-годишнината“ во чест на 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите нации.

Оваа 2020 година ја донесе една од најголемите здравствени кризи во изминативе неколку децении, сепак годинава е значајна за нас, бидејќи семејството на Обединетите нации слави 75 години од своето основање, порача министерот.

Продолжуваме заедно да ја обликуваме нашата иднина и да соработуваме со Обединетите нации во остварување на милениумските цели за одржлив развој, напиша на неговиот фејсбук профил министерот Спасовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.