Српските медиуми викендов објавуваат дека познатата старлета Сораја Вучелиќ, добила понуда за брак и дека ќе се омажи за богат Русин по име Владимир. Како што пренесува „Информер“, станува збор за син на руски тајкун, но Сораја не сака да изнесува во јавноста детали за својот вереник.

Не сакам да го коментирам својот приватен живот. Се надевам дека никогаш нема да дознаете кој ми е момче. Вистината е дека се заљубив во најубавиот дечко на светот. Освен убавината, поседува и други квалитети на кои што дефинитивно паднав. Не паметам кога сум била посреќна, изјавила старлетата за „Информер ХИТ“.

Како што пишува магазинот, врската на Сораја и на Владимир започнала пред околу три месеци, а Русинот на нејзината рака ставил прстен вреден околу 150 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.