Ноела Рукундо била сведок на сопствениот погреб. Гледала како луѓето ја тажеле нејзината смрт, а кога го видела својот сопруг, влегла во куќата и се појавила пред него. Сопругот бил шокиран и исплашен кога ја видел бидејќи пет дена пред „нејзината смрт“ изнајмил тим од платени убијци за да ја убијат.

Убијците на крај му рекле дека работата е завршена и барале дополнителни пари за работата. Тој со задоволството им платил и секако бил изненаден кога ја видел пред себе жената која тукушто ја закопал. Почнал хистерично да вреска бидејќи мислел дека духот на неговата сопруга го гони.

Пред да се појави во својата куќа, Ноела повикала полиција и на крајот нејзиниот сопруг ја признал вината и бил осуден на 9 години затвор. Убијците што ги најмил се јавиле кај Ноела и ѝ побарале повеќе пари за да не ја исполнат намерата на нејзиниот сопруг. Така, заедно ја лажирале нејзината смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.