Сопругата на владетелот на Дубаи, шеикот Мухамед бин Рашид ел Мактума го напуштила и заминала од Обединетите Арапски Емирати, а со себе ги земала и децата и му земала над 56 милиони долари за да започне нов живот.

45-годишната принцеза Хаја, односно Харарит нит Хусеин која не беше видена од февруари оваа година, според штекулациите, избегала во Германија со синот и ќерката. Како што пренесуват медиумите, таа веднаш побарала азил во оваа земја и побрала барање за развод од сопругот.

Тоа предизвикало криза во дипломатските односи на Германија и Арапските Емирати, а се пишува и дека шеикот бара од официјален Берлин да ја испорача принцезата, како и децата. Сепак како што пишуваат медиумите, германските власти тоа го одбиле.

Принцезата Хаја ја избрала Германија за емиграција затоа што наводно нема доверба во властите на Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.