Поранешен рагби играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн.

Роуан Бакстер и децата, на возраст од три, четири и шест години, биле пронајдени мртви во автомобилот, а сопругата Хана Бакстер, на возраст од 31 година, починала подоцна во болница од огромни изгореници. Таа, наводно, скокнала од автомобилот викајќи: „Тој ми истури бензин“.

Трагичниот настан се случил во близина на кампот Хил, во источниот дел на градот.

Тоа е ужасна сцена. Многу е рано во истрагата, но возилото беше целосно во пламен кога пристигна полицијата – им рекол на новинарите детективот Марк Томпсон.

Полицијата за прв пат била повикана на местото на настанот во 08:30 по локално време.

Роуан Бакстер бил на совозачкото седиште, а Хана Бакстер го возела автомобилот, соопшти полицијата.

Се верува дека Рован Бакстер(42) наполнил шише со бензин на локалната пумпа, пред да ја земе со автомобил сопругата и децата, ги полеал со бензин внатре и ги запалил.

Парот, двајцата фитнес тренери, неодамна се развеле.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.