За неполни 24 часа се собраа потребните 5.500 евра за младата Стаменка Трповска, на која и е дијагностицирана коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена.

Таа побара помош и преку социјалните мрежи и за рекордно брзо време се собраа потребните средства за операција, благодарение на хуманите граѓани ширум земјава.

Пријателчиња драги, ги собравме потребните средства за мојата операција во рекордно брзо време. Па похумана нација не постои!!! Фала ви на сите до еден!!! И шернувајте го и овој статус за да знаат луѓето дека ја завршивме донацијата само за еден ден!!! Македонијо, живеј во овој ритам!- напиша Стаменка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.