Во хуманитарна акција во Чачак, Србија, собрани се пари за отплата на станбениот кредит на покојниот лекар Слободан Благојевиќ кој пред еден месец починал од компликации од ковид-19.

Семејството на лекарот соопшти дека за 20 дена, колку што траела акцијата се собрани 25 илјади евра, а тие се бескрајно благодарни.

Благојевиќ(41), беше специјалист на ургентна медицина и почина на Клиниката во Белград, по 15 дена лекување од ковид-19. За време на епидемијата тој беше раководител на привремената ковид-болница во спортската сала „Младост“ во Чачак.

Со собирањето на парите за отплата на неговиот станбен кредит учестувале многу стопанственици за да им помогнат на неговата сопруга, деветгодишниот син и тригодишната ќерка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.