Младиот напаѓач кој настапува за вториот тим на шпанска Севилја, Жоао Малек (20) предизвикал страшна сообраќајна несреќа во која загинале две лица во неговиот роден град, Гваалахара.

За трагедијата да биде уште поголема, лицата кои загинале биле млад брачен пар кои дента се подтовувале за својата свадба. Тие се подготвувале за славење кога се случила несреќата, а зад себе оставиле две малолетни деца.

Како што јавуваат медиумите, сцените од местото на несреќата биле страотни. Автомобилот од силниот удар буквално бил преполовен. Малек својот скап ,,мустанг” го возел со неприлагодена брзина кога се забил во автомобилот марка „Шевролет Авео“ во кој биле жртвите.

Тој воопшто не закочи. Возеше толку брзо што ги отфрли 10-15 метри, изјавил роднина на загинатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.