Ако ги послушате Швеѓаните, следните зими би можеле да плаќате значително помали сметки за струја.Имено, шведската компанија SolarTech која се занимава со продажба на решенија за чиста соларна енергија, развила единствен систем за загревање на куќата кој се состои од кровни плочки направени од обично транспарентно стакло.

Феноменалните плочки на кровот му даваат леден изглед.

Она што посебно ги издвојува на пазарот е што плочките се изградени од стакло и имаат иста тежина како и оние изработени од глина.

Овој систем не грее вода или вакум цевки, туку чист воздух.

Стаклените плочки се поставуваат на црно најлонско платно под кое се монтирани воздушни џебови.

Црната боја апсорбира сончева топлина и воздухот почнува да циркулира.

Топлиот воздух се користи за загревање на вода, а тој систем е поврзан со домашниот систем за греење преку акумулатор на топлина.

Убавината на системот е во тоа што ги намалува енергетските трошоци во текот на цела година, и кога деновите се тмурни и ноќе, благодарение на способноста да складира топлина во изолациони слоеви под црното платно.

Во 2009 година овој систем бил избран од жирито и номиниран меѓу девет други како „најдобар нов материјал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.