Од фабриката Милка во Австрија украдени се 20 тони чоколадо. Имано, непознат крадец се паркирал со камион во фабриката им покажал на тамошните магационери лажни документи и товарил 20 тони чоколадо или 200.000 чоколади, бидејќи бо Австрија сеуште чоколадата се од 200 грама, а не од 80 грама како кај нас.

Пратката од Австрија требала да оди за Белгија и фабриката превозот и го дала на локална австриска компанија, по што австрискиот транспортер турата ја префрлил на унгарска компанија, која пак на крај ангажирала чешка компанија за да го изврши транспортот. По сето ова, кога во фабриката во Блуденц се паркирал камион со чешка регистрација, вработените без никаков сомнеж ги товариле пакетите чоколади.

Пратката никогаш не стигнала до крајната дестинација, а се уште како исчезнати се водат и камионот и возачот. И чоколадите.

извор: оф нет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.