Завчера беше избегната трагедија на новиот автопат кој го поврзува Штип со автопатот кон Велес и Скопје, преку Миладиновци.

Имено возач, со своето возило помина повеќе километри движејќи се во спротивен правец со вклучени 4 трепкачи. Тој возеше по најбрзата лента, со голема брзина, без обид да се врати назад па дури и ако ненамерно ја згрешил насоката, а возилата од спротивен правец само со голема среќа се спасија од најстрашното.

Зачудувачки е што и тие не реагираа претерано вознемирено, како што може да се види од видеото објавено на Ѕид на сообраќајниот срам, само еден од нив му даде сигнал со светлата дека згрешил.

Zatoa ja sakam MK posto ne se znae koj kade tera 😂😂😂

Gepostet von Todorovski Dime am Donnerstag, 7. März 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.