Новинарката Драгана Трипиќ вчера беше погребана на белградските гробишта Лесче, а на вечното почивалиште ја испрати нејзиното семејство, пријателите и колегите.

Ја познавав Драгана повеќе од дваесет години, заедно патувавме додека се занимавав со новинарство, мислим дека повеќе од 30 пати спиев со неа на некое патување во ист кревет. Кога со некого спиете, ручате, вечерате и поминувате 24 часа на ден, тогаш таа личност добро ја познавате. Беше многу вредна жена, не одбиваше ни една работа, работеше по неколку работи за да ја одгледа својата ќерка на најубав можен начин и ја изведе на прав пат, бидејќи беше самохрана мајка. До последниот момент не откриваше дека и е тешко, дека неколку дена немала што да јаде. Беше горда и не сакаше да ни каже – вели Симонида Милојковиќ, нејзината блиска пријателка и колешка.

Познатата новинарка Драгана Трипиќ (58) пред неколку дена беше пронајдена мртва во нејзиниот стан, каде извршила самоубиство.
Телото на 58-годишната жена, која се обесила, го пронашла нејзината ќерка.
Како што се дознава, ќерката на Драгана рекла во полицијата дека мајка ѝ била депресивна поради кредитот кој го имала во швајцарски франци.

Нејзината последна објава на Твитер се однесувала токму на борбата на корисниците на овие кредити во банките.
Драгана е родена на 16 мај 1961 година, а популарноста ја стекнала како новинар во неколку белградски редакции. Учествувала и во неколку реални шоуа. Прекарот ѝ бил Маца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.