Фотографија од настан кој се случил денеска во центарот на Неготино масовно се споделува на социјалните мрежи.

Имено, се работи за кавадаречко возило, кое возачот најверојатно не успеал да го запре на време, па завршило надолу по скалите кон градскиот плоштад. Според информациите до кои дојде „Фокус” нема повредени во случајот, а причинета е мала материјална штета.

Но, вечните ривали, кавадарчани и неготинчани ја искористија случката за меѓусебни „препукувања” и докажувања околу тоа кои од нив се подобри возачи.

Од низата на коментари околу шоферските способности, ретки се оние кои забележале дека од сите лица на фотографијата, единствено полицаецот носи заштитна маска која е задолжителна со новите мерки поради вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.