Натпреварот на Маракана помеѓу Црвена ѕвезда и Пролетер од Нови Сад и прославата на 31 шампионска титула за црвено-белите имаше крвава увертра и тоа од, како што пишуваат медиумите од соседството, од другата страна на Дрина, каде во саботата дошло до пукање врз навивачите на Ѕвезда.

Медиумите во Република Српска јавуваат дека едно лице е повредено во пукањето во Брчко, на пат кон Бјелина, што е потврдено од страна на полицијата од овој дистрикт.

Како што тврдат извори на РТВ БН, на возило од марката Опел – Зафира пукано е во движење од автоматска пушка, судејќи по чаурите пронајдени на местото на настанот.

Истиот извор неофицијално наведува дека едно лица, поради сериозноста на повредите, префрлено е во Тузла.

По причинителите на овој крвав пир интензивно се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.