Денешниот ден ќе ни донесе мала, брза и релативно краткотрајна промена на времето. Имено, наутро се очекува облачна маса која ќе дојде од запад и ќе се придвижува кон исток. Пооблачно ќе биде само наутро и претпладне, додека попладне бргу ќе се разведрува.
Наутро во крајниот западен регион ќе има сосема мала шанса за слаб дожд, локално и дожд кој ќе се мрзне при тлото, а на планините шанса за снег.
Низ котлините повторно е можно претпладне подолго да се задржи слој на ниска облачност.
Утрото ќе биде студено, со минимална температура која во поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу -4 и 0, а на повисоките места во источниот регион околу -6.

Температурата на воздухот ќе има максимум во интервалот помеѓу 2 и 5 во најголем дел од населените места низ земјава. Малку потопло, со максимална околу 7°С, се очекува во гевгелиско – дојранскиот крај.
Скопскиот крај очекува претежно облачно време претпладне, а попладне постепено ќе се разведрува.
Температура ќе има минимална вредност околу -4, а максимална вредност околу 4.
Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст – сабота од 4 до 11, недела од 6 до 13 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.