Еден од најчестите кошмари е, наводно да бидете будни, а да ве прогласат за мртов додека всушност сте живи и заробени во своетоп тело.

Смртта на големиот војсководец и владетел Александар Македонски е мистерија повеќе од 2.000 години. Дали е убиен, отруен? Дали се опил до смрт, или се разболел од маларија или тифус.

Новата терорија вели дека можеби ништо од тоа не е во прашање, туку нешто многу, многу полошо. Легендата вели дека неговото тело не покажувало знаци на распаѓање цели шест дена по смртта.

На неговите пријатели тоа им било знак дека Александар навистина е бог и херој. Модерната наука вели дека страдал од ретка автоимуна болест која го парализирала и го направила невозможен за комуникација, иако бил свесен целосно за се, така што умрел шест дена подоцна.

Кетрин Хол од Медицинскиот факултет при Универзитетот Отаго на Нов Зеланд вели дека воинот страдал од Гилен-Бареов синдром, нагло пропаѓање и слабеење на мускулите предизвикано од штетата која имунолошкиот систем ја нанесува на нервите, што може да ги објасни сите приказни за неговата смрт.

Смртта на 32-годишниот великан можеби е најпознат случај на лажна смрт, или лажна дијагноза за смртта, во историјата, смета таа.

Роден е во Кралството Македонија во 356 година пред Христа, а тронот го наследил на 20 години. Аристотел го подучувал. Ја освоил Персија, го покорил Египет и стигнал до Индија. Владеел со големо, бескрајно различно кралство, на територија на три континенти.

Починал во денешен Ирак во 323 година пред Христа. Запишано е дека имал треска и болки во сбдоменот, па наскоро станал толку слаб што не можел да зборува ниту да оди. Меѓутоа, како што истакнува Хол, сите историски извори се сложуваат дека до моментот на смртта бил крајно луциден.

Тоа е, вели, клучот за мистеријата. Веројатно се инфицирал со бактерија од споменатиот синдром.

Сум видела можеби десетина случаи на овој синдром, а само кај таа болест сум забележала потполна парализа, но недопрени ментални способности, вели таа. Неговиот вид веројатно бил заматен, и можеби во еден момент на низок крвен притисок паднал во кома. Сепак, постои голема шанса да бил свесен за својата околина дека барем можел да слуша. Можел да ги слушне како се караат околу тоа како ќе го подолат царството, дека доаѓаат египетски експерти за балсамирање и како ќе ја почнат работата.

Тогаш смртта, вели докторката Хол се дијагностицирала повеќе со здив отколку со пулс, а ако бил парализиран неговото дишење било плитко, а зениците фиксирани.

Фактот дека не се распаѓал не било божествена интервенција, туку просто резултат на тоа што се уште не бил мртов.

ГБ синдромот единствено ги поврзува сите точки во една смислена целина, и објаснува се за неговата смрт. За жал, тоа засега останува недокажливо, така што мистеријата продолжува да живее, вели Хол.

Курир.рс/Експрес.хр

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.