Група случајни минувачи си ги ризикувале животите и заеднички , во координирана акција извлекувале настрадан во сообраќајна несреќа , кој останал заглавен во превртениот автомобил.

Несреќата се случила во Калифорнија на автопатот Пацифик Коуст , каде еден од возачите се обидел со сопственото тело да спречи автомобилот да се преврти. Веднаш запреле и други автомобили и возачите притрчале на помош .

Без многу договарање , и покрај чадот што почнал да се шири од запаленото возило , тие успеале да го превртат автомобилот на тркала и да го спасат возачот.

Група луѓе само истрчаа да помогнат. Тоа навистина ме погоди, бидејќи не знаевме дали се живи. Сите помогнаа да се подигне тој навистина тежок автомобил. Се обидувавме пет минути да ја отвориме вратата . Беше неверојатно”, откри Патриша Еузарага.

Кога се случила несреќата, во автомобилот имало три лица и сите во моментов се во болница и се опоравуваат од повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.