Словенечката полиција уапси 67-годишен маж кој шест години ја криел смртта на својата мајка и ја подигал нејзината пензија. Нејзиното тело било пронајдено во стан во Љубљана, откако роднините го пријавиле нејзиното исчезнување во полиција.

Со понатамошно собирање информации, полицијата го пронашла телото на бараното лице во стан во Љубљана. Според досега познатите податоци, смртта се случила пред шест години, а причината за смртта сè уште не е позната, велат од полицијата.

Осомничениот ги уверувал роднините дека е жива, а бидејќи имал полномошно, тој ги подигал приходите од нејзините сметки, како и нејзината пензија, пишуваат медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.