За време на пандемијата, актерот Пирс Броснан (67) се фокусираше на својата втора страст – сликарството. Броснан го минува времето во во неговиот дом на Хаваи, во кој живее со сопругата Кели Шеј Броснан (57).

Како што пишува магазинот „Пипл“, една галерија во Лос Анџелес, продава ограничена серија од неговите слики „Тампони за уши“, што ги насликал за време на снимањето на неговиот прв филм на за Џејмс Бонд „ Golden Eye“ во 1995 година.

Секогаш поставував студио кога одев на локација за снимање. Кога ги снимав акционите секвенци за филмот, мајсторот-реквизит ги делеше овие тампони за уши заради пушките и експлозиите. Сфатив дека инфографикот од задната страна е пријатен и композициски интригирачки – раскажува Броснан за магазинот.

Актерот првпат почнал да слика кога го напуштил училиштето на 16 години, притоа употребувајќи „ништо друго освен картонска папка со цртежи и слики“.

Уметноста ми го спаси животот. Успеав да се вработам и сакав да бидам графичар. Но, додека работев во студиото три години ја засакав глумата и тоа беше сè, бранот се сврте – раскажува Броснан.

Неговата страст кон сликарството исчезнала едно време, но тој и се вратил на уметноста во 1987 година кога неговата прва сопруга, Касандра Харис ја губела борбата со ракот.

Навистина излезе на виделина мојата страст во многу тешко време во мојот живот. Се свртев кон светот на сликарството и тоа ми даде одлично чувство на удобност. Оттогаш уметнички созреав. Одам во студио секој ден, дури и ако треба да чистам четки или да ги преместувам боите – вели актерот.

Во 2018 година неговиот портрет на пејачот Боб Дилан, се продаде за 1,4 милиони долари на аукција.ж

Што се однесува до неговиот процес на сликање, Броснан раскажува дека секоја креација трае долго.

Мрзелив сум и и не сликам доволно брзо. Или, пак, ја донесувам сликата до одредена фаза и се вљубувам во неа. Но, на крајот треба само да се справиш со тоа и да бидеш бестрашен – вели Броснан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.