Девојка се обидува да дознае кој е мистериозниот странец кој и ја платил сметката за роденден, а потоа си заминал пред да има шанса да се заблагодари.

Шона Вилсон во четвртокот навечер била со семејството во ресторанот Космо во Манчестер кога доживеала неверојатен и љубезен чин.

Вилсон инаку е личност која помага на луѓе со инвалидитет во учење, а таа вечер била излезена во ресторанот да го прослави 21-от роденден.

Таа рекла дека маж кој седел покрај нејзиното семејство го забележал балонот на нејзината столица, па се доближил и прашал кој слави.Потоа ја напуштил масата и по крако се вратил за да и кае на Шона дека ја платил сметката, па пред таа да има шанса да се заблагодари тој сизаминал.

Сметката изнесувала 142 фунти, а оставил и бакшиш за келнерот.

Сега Шоа со „моќта“ на Фејсбук сака да го пронајде и да му се заблагодари за ваков убав гест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.