Според најновите анализи направени со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, оваа година зголемени се условите за продолжување на летото и топлотните бранови во Македонија и регионот, но и во Европа, вели метеорологот Славчо Попоски.

Според него, до крајот на август, како и во септември, се очекуваат натпросечно високи температури на воздухот, кои се можни дури и во текот на есента.

Се очекуваат помалку врнежи од вообичаеното, но повремено можни се изразени нестабилности и невреме ширум Македонија, регионот и Европа.

Сè на сè, граѓаните можат своите годишни одмори да ги искористат дури и во септември месец, и да заминат некаде во туриустичките места во Македонија, но и некаде низ морињата, советува Попоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.