Семејството Родиќ има свои тезги на пазарите во Котеж, Борч и Маријево, а сите пазараџии имаат само пофални зборови за идната снаа на Цеца, Богдана Родиќ, пишува српски Курир.

Идната снаа на Цеца била омилена продавачка на пилешко на белградските пазари.

Девојката од Тител која на 24 ноeмври ќе стане сопруга на Вељко Ражнатовиќ, односно госпоѓа Ражантовиќ, до неодамна продавала месо секој ден од 7 часот наутро, до два часот попладне.

Меѓутоа, откако е бремена, Богдана одмара, за разлика од нејзините сестри Наташа и Бојана кои и понатаму помагаат на родителите во семејниот бизнис.

Екипата на српски Курир ги посетила трите пазари, каде родителите на Богдана имаат свои тезги, а пазарџиите откриле зошто сите сакале да купуваат месо кај сестрите Родиќ.

Сите сакаа да купуваат пилешко и крилица кај сестрите Родиќ. Секогаш беа дотерани и нашминкани. Како да работат во најлуксузниот дуќан, а не на пазар. Наутро доаѓаа пред да започне работно време и го ставаа пилешкото во фрижидер, а кога ќе се отвори пазарот тие така средени продаваа пилешко. Секогаш беа љубезни и насмеани. Некое време сите три продаваа пилешко овде во Котеж, а бидејќи бизнисот им се прошири, Богдана замина на тезгата во Маријево, Наташа замина во Нови Сад, а Бојана замина во Котеж – рекол извор за екипата на Курир.

Таму биле и родителите на Родиќ кои истакнале дека се подготвуваат за свадбата на ќерката.

Еве ние работиме, како по обичај. Пилешкото е свежо, луѓето се расположени, ние сме среќни, се е како што треба. Богдана е поштедена бидејќи е бремена, а Наташа и Бојана и понатаму работат. Во нашето семејство тоа е нормално. Еве се подготвуваме за свадбата, а потоа ќе дојде и внучето. Бидејќи има три ќерки, сакам Богдана да роди син, но и ако биде внука, ќе ја има целата љубов од семејството – рекол таткото на Богдана.

На пазарот била и мајката на Богдана, Даниела.

Верував дека ќе продолжите до Нови Сад, на работното место кај мојата ќерка Наташа, но драго ми е што дојдовте тука. Богдана овде работеше, но сега е поштедена бидејќи е бремена. Нека ужива детето во бременоста, овде работеше со години и никогаш не се бунеше што работи на пазар. Имаме прекрасни жени кои работат и верувајте ми дека сме среќни и задоволни – изјавила Даниела.

Семејството Родиќ се подготвува за свадбата на Вељко и Богдана.

Се ќе биде на ниво и ќе бидат испочитувани сите обичаи. Се воодушевив кога Богдана откри дека има желба да ја носи венчаницата на Цеца. Тие имаат слична конструкција и мислам дека ништо нема да треба да се менува. Цеца е прекрасна сваќа и мислам дека ќе биде феномелна свадба – рекла мајката на Богдана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.