Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон е ослабена пишуваат британските медиуми. Сопругата на принцот Вилијам загрижи голем дел од британската јавност. Многумина на социјалните мрежи го коментираат нејзиниот лош изглед.

Многумина се плашат дека Кејт полека станува анорексична. Лошиот изглед го поврзаа со неодамнешните случувања околу Меган и Хари и нивното откажување од кралското семејство и преселба во Канада.

Секако дека треба да посети лекар, ако не се чувствува добро. Мора да се грижи за себе, пред сè таа е мајка на три деца, а еден ден ќе биде и наша кралица. Без добро здравје, ништо од тоа“, биле дел од коментарите на социјалнтие мрежи.

Имало и такви кои сметаат дека за лошиот изглед виновна е кралицата Елизабета. Некои сметаат дека поради преселебата на Меган и Хари во Канада, сега кралицата ќе биде построга кон другите членови на кралското семејство.

Тоа што Хари и Меган ја напуштија Бакингемската палата, остави последици на нејзиниот изглед, коментирал еден нејзин пријател.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.