Синот на Тина Тарнер, Рони, е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Тој имаше 62 години.

Соседите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

Причината за смртта не е објавена, но се знае дека Рони претходно се борел со ракот.

Тина Тарнер се уште не се изјаснила за неговата смрт.

Да потсетиме дека најстариот син на Тина, Крег се самоуби во јули 2018. Таа го роди Крег кога имаше 18 години, откако забремени со саксофонистот Рејмонд Хил.

Крег работел како агент и се самоубил во својот дом во јули 2018. Имал 59 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.