Ендрит Тачи, синот на косовскиот претседател Хашим Тачи, преживеал сообраќајна несреќа што се случи утрово. Случајот го потврдија од косовската полиција откривајќи дека во сообраќајката учествувале три автомобили.

Денес во 05:25 часот на патот Приштина – Урошевац , на кружниот тек кај Јужната полициска станица, се случи несреќа во која учествуваа три возила. Едно лице е повредено во несреќата. Случајот го презема сообраќајната единица, изјави портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети.

Медиумите пренесуваат дека синот на косовскиот претседател е во добра состојба, а по интервенцијата во болницата во Приштина е пуштен дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.