Србинот Дејан Милошевиќ (43) си изградил гробница на два ката која повеќе личи на апартман бидејќи во приземјето има соба во која се наоѓаат два кревета, телевизор и фрижидер.

Во мојот работен век кој уште трае, од 365 дена во годината јас 300 дена станувам пред да се раздени, а на нивата работам додека не се стемни. Многу направив и создадов, па сакав да си изградам гробница, вели Дејан.

Нему изградбата на гробницата на два ката му е нормална работа.

Разговарав со свештени лица и добив поддршка од нив. Во собата во гробницата често одам да си прилегнам и да одморам, а горе во летниковецот се дружиме со пријателите кога е задушница.

Интересно е што Дејан си направил и споменик, но не мермерен, туку направен од дрво,

За мермерен споменик ми требаше повеќе од 1.000 евра, а ја за тие пари сето ова го направив – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.