Анализата на деловниот магазин „Ceoworld“ рангира 132 земји во светот кои се најскапи за живеење, како и оние каде се најприфатливи условите за живот. Швајцарија и Норвешка дефинитивно се водечки кога станува збор за високите цени на производите и на услугите.

Истражувањето ги мери трошоците за храна, облека и обувки, даноци и комунални услуги, интернет, транспорт и ресторани. Заклучокот е дека Швајцарија е на прво место, Норвешка на второ место, а потоа следуваат Исланд, Јапонија, Данска, Бахами, Луксембург, Израел, Сингапур и Јужна Кореја.

Кога станува збор за соседите, Хрватска е 53-та, Црна Гора е 90-та, а БиХ и Србија се на 96-то и 98-то место. Не само што е Хрватска поскапа од овие три земји, туку во неа е поскап животот и од Словачка и Унгарија. Само Словенија е во предност и се наоѓа на 47-то место. Македонија е на 113 место на листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.