Принцовите Хари и Вилијам повторно се сретнаа на погребот на нивниот дедо, принцот Филип, и после емотивната служба во капелата на Свети Џорџ, забележани се како заедно заминуваат и разговараат.

Глетка која би им ги стоплила срцата на принцот Филип и Дијана – браќата повторно чекорат еден до друг по 1 година заладени односи и ривалство, а Кејт мудро се повлече за да ги остави насамо.

Иако кралицата нареди во поворката принцовите Вилијам и Хари да бидат одвоени со нивниот братучед помеѓу нив, сепак по церемонијата браќата се обединија и чекореа заедно како во старите добри времиња.

Кога браќата после службата ги симнале црните макси, читачите од усни, тврдат дека Хари на својот брат му рекол дека погребот бил онаков каков што сакал нивниот дедо. Војводата од Кембриџ, му одговорил: Да беше прекрасен, нели?

Во минатото, пред Хари да ја најде својата избраничка Меган Маркл, тој беше многу близок со неговиот брат Вилијам и со Кејт Мидлтон, а триото можеше да се забележи заедно речиси на секој настан.

Со последните случувања, нивните односи се заладија, а откако Хари и Меган се откажаа од кралските должности и се преселија во САД, ривалството почна да станува позабележливо.

Интервјуто кое Меган и Хари го имаа неодамна во шоуто на Опра дополнително додаде масло на оганот, а токму таму тој изјави дека односите со неговиот брат Вилијам се заладени.

Сепак, погребот на нивниот дедо Филип повторно ги обедини браќата, а фановите на кралското семејство беа трогнати кога по една година повторно ги видоа Хари, Вилијам и Кејт како чекорат заедно и си разговараат како во старите времиња.

Во еден момент, Кејт мудро се повлече и им остави простор на браќата да останат насамо и да си разговараат додека чекорат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.