Навивачот на Црвена звезда Лазар Вукичевиќ (31) исчезна минатата година на 16 октомври. Тој е еден од десетината кои се наоѓале на „црната листа“ на тимот на Вељко Беливук, наречен Веља Невоља. Вукичевиќ последен бил лоциран на Баново Брдо, од каде му се губи трагата.

Како што подоцна беше утврдено со истрагата, неговото исчезнување и убиство било поврзано со криминалниот клан на Беливук.

Името на Лазар Вукичевиќ прв пат го привлече вниманието на јавноста во 2019 година, кога под автомобилот „порше“ во сопственост на неговиот татко, што го користел Лазар било поставено бомба. При експлозијата никој не бил повреден.

Се претпоставува дека бомбата е активирана од далечина и дека тоа било „предупредување“ за Лазар.

Лазар Вукичевиќ на полицијата ѝ бил познат по расправии, а бил и во затвор. Три месеци пред поставувањето на експлозивната направа, Вукичевиќ излегол од затвор.

Тој во затвор бил поради нападот врз Никола Вавиќ, инаку брат на Александар Вавиќ, водачот на навивачката група „Алкатраз“.

Не бил послушник

Јазикот му го отсекле зашто слушнале дека низ градот зборува дека Веља Невоља е обичен келнер и дека нема да работи како што ќе му нареди келнер, пренесуваат српските медиуми и објаснуваат дека Беливук како дете работел во ресторанот на стадионот на ФК Рад, чијшто навивач бил тогаш.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.