Како би ви било на вас доживотно да ве стават во кафез? Затвор, логор, смрт? Што се криви овие животни да го поминат цел живот во кафез? Да седнат тажни и да умираат на рати? И зошто не им пуштате Дискавери и Анимал планет на децата за да научат за животните? Зошто не ги носите во природа да се запознаат каде тие животни живеат?

Имате ли време да се направат пари за Мерцедеси, Ајфони, Самсунзи, лаптопи и Ајпади кои чинат колку 10 дена со авионски превоз за цело семејство во природа, ама се нема време за патување во природа, на планина, на море, сафари?

Животните не се кукли во излог, вашите деца ги носите да гледаат како се измачуваат цел живот во кафез. Ги раните со смоки, им давате кесиња да јадат – и потоа умираат.

Животно во зоолошка градина е доживотен затвор – вели активистка за заштита на животните во својата Инстаграм објава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.