Делумно голото тело на Лора Лулмо било пронајдено покрај селото Ел Кампиљо по пет дневна потера. Таа се преселила 500 километри подалеку од својот дом ,за да почне да ја работи својата прва работа на неодредено време.Младата професорка била силувана , претепана , а потоа задавена.

Полицијата нашла и повреди од удари по главата.

За сега нема осомничени. Низ цела Шпанија вчера се одржа едно минутно молчење во чест на Лора. На социјалните мрежи се појавија и групи за поддршка на истрагата и против сексуалното насилство врз жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.