Сите шпански региони се согласија да ги затворат ноќните клубови и да воведеат забрана за пушење на отворени места кога е невозможно да се одржи безбедно растојание, се дел од мерките што имаат за цел да го спречат зголемувањето на бројот на заразени од новиот коронавирус, изјави денеска министерот за здравство на Шпанија, Салвадор Илја.

Тој советуваше да не се собираат повеќе од 10 лица и ги предупреди младите, да не се собираат надвор и да пијат алкохол.

Бројот на новозаразени со вирусот во Шпанија се зголеми во изминатите неколку дена, така што вкупниот број случаи од појавата на пандемијата е 337.334.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.