Владимир Путин(68) планира да го напушти претседателското место на почетокот на следната година поради се поголемиот страв за своето здравје, тврдат московски извори, а пишува британскиот Д Сан, но и други странски медиуми ја пренесоа веста.

Експерти за Кремљ рекле дека неодамнешните снимки покажуваат дека 68 годишниот моќник има можни симптоми на Паркинсова болест, а упатените аналитичари тврдат дека девојката на Путин, Алина Кабаева(37) го моли да се ослободи од власта.

Посматрачите кои ги набљудувале неодамнешните снимки на Путин забележале дека нозете непрестано му се движат и изгледало дека го боли додека се фаќал за наслонот на столицата. Исто така се забележува дека прстите му се треселе додека држел пенкало или шоља за која се верува дека содржи коктел на лекови против болка.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.