Поранешниот јавен службеник, Дејвид Истман, доби оштета од 7 милиони долари откако судот во Канбера утврдил дека не е виновен за делото за кое одлежал цели 19 години затвор. Тој бил осуден на доживотен затвор во 1995 година, врз основа на судската одлука дека шест години претходно го убил припадникот на австралиската федерална полиција, Колин Винчестер.

Истман во својата изјава открил дека во скоро 20-те години кои ги минал зад решетки бил тепан и од стражари и од други затвореници, а пред негови очи еден затвореник бил претепен до смрт. Исто така тој повеќе од 90 пати бил префрлуван од еден во друг затвор.

По неговото апсење, Истман шест пати ја обжалил пресудата и тоа во 1999, 2000, 2001, 2005 и 2008 и 2014 година. Последната жалба му била прифатена, а на повтореното судење бил прогласен за невин. Тој додал дека на првото судење кога добил доживотен затвор имало огромни пропусти во истрагата и доказите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.