Актерката Шенон Доерти, која ја паметиме по улогите во „Беверли хилс“ и „Волшебнички“ со години се бори со опасниот рак.

Нејзе многу ја плаши оваа ситуација со пандемијата на коронавирусот. Пред извесно време објави дека ракот ѝ се вратил и дека е во четврт стадиум. Но, уште повеќе е загрижена што многу луѓе не ги почитуваат мерките за изолација.

Седам дома и се лутам на сите вас, за мене и луѓето кои се борат со ракот. За мајка ми, за семејството, за пријателите. Да се бориш со рак е тешко. Имам пријателка која и сега е во болница“, напиша Доерти на Инстаграм.

А има и луѓе што патуваат, уживаат. Колку е тешко да се остане дома? Не се придржуваат на правилата, не држат растојание и си излегуваат од дома. И јас сакам свеж воздух, но во својот двор. Зошто? Затоа што го сакам овој свет и своето постоење. Јас правам колку можам. Зошто не и другите?“, се прашува Шенон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.