Еден српски таблоид на насловната страница објави дека Северина се разведува по три и пол години брак со Игор Којиќ. Како еден од ,,аргументите” наведуваат дека таа во вторникот го напуштила концертот на својот свекор Кеба , иако била најавена дека ќе гостува.

Вистинска причина за наводниот развод била новинарката Јелена Јоксимовиќ , сопруга на пејачот Жељко Јоксимовиќ.

Но, Северина со вистински аргумент им докажа на авторите на овие шпекулации дека ниту од далеку нема намера да се разведува. Напротив. Таа заедно со сопругот се наоѓа на илјадници километри од концертот на Кеба.

Таа заедно со сопругот Игор Којиќ е на егзотичен одмор во Занзибар , од каде Северина објави и фотографии на Инстаграм. На фотографијата е со својот сопруг и на објавата пишува ,,Нашето африканско венчавање”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.