Предраг Мијатовиќ, поранешен фудбалер и спортски директор на Реал, пред повеќе од две децении среќата ја пронајде крај сопругата Анета Миличевиќ, која му била поддршка во сите животни премрежја.

Таа беше кај него кога го обвинија за затајување данок, но и кога почина неговиот син Андреј кој го доби во првиот брак со Елена Караман Кариќ. Неговата сопруга Анета направила се да му се залечат раните, но тој уште боледува по неговиот непрежален син, кој беше болен од церебрална парализа.

Тоа се моменти кога сфаќате дека се што имате и што можете да створите не може да ви помогне. Решението не зависи од вашиот успех, контакти или пари, еднставно сте во божји раце и единствено ви останува да се молите болеста да престане. Морам да признаам дека целата ситуација влијаеше врз моето емоционално созревање, како и односот кон успесите. Имено кога и да поминуваше еуфорија низ главата и лудило поради постигнатите голови и навивачи, Андреј добиваше некоја криза. Често завршуваше во болница, што го сватив како опомена. Во смисла: Сето тоа ти другар добро го правиш, но животот е нешто сосема друго – говори Мијатовиќ, кој ни дест години по смртта на син му не ја ублажил болката поради тоа.

Се што во животот сум стекнал би менувал за животот, здравјето или само едно „Здраво како си“ на Андреј, вели Мијатовиќ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.