Актерката Емица Дачиќ, сестра на поранешниот српски вицепремиер Ивица Дачиќ, е бремена и чека дете во својата петта деценија. Самиот тој пред неколку дена ја потврди среќната вест за медиумите.

Сестра ми е во шестиот месец од бременоста, изјавил тој за „Информер“.

Четириесет и осумгодишната Емица Дачиќ на публиката и е позната по улогата во серијата „Семејно богатство“, каде ја играше Зорица, секретарката на судијата Љубомир Старчевиќ Риса, која ја играше Бранислав Лешиќ.

Таа глумеше и во филмовите „Тајната на семејното богатство“ и „Бел костум“, како и во серијата „Доларите доаѓаат“. Снимила и минијатурни настапи во сериите „Јелена“ и „Мирисот на дождот на Балканот“, а ја памети и театарската публика. Емица престана да глуми во 2011 година, кога се вработи во компанија. Таа завршила два факултета – Педагогија во Приштина и Академија за драмски уметности во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.