На својот Фејсбук профил познатиот ТВ Водител Сергеј Варошлија му посвети емотивна порака за роденден на познатиот Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинетиот во случајот „Рекет“ кој во моментот се наоѓа во притвор.

Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка…
Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство, пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака!
Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а „сите“ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше „што, како, зашто…“ заслепени од тие „прашања“ не можеа да ја видат неговата суштина и човечност пред се! Но не за џабе викаат „човек на човек му е огледало”!
Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната „се проаѓа“ битно да си ми жив и здрав!
П.С Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија- пишаа во овој период , вие знаете кои сте!“, напиша Варошлија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.