Денеска на гробиштата во Белград е погребана инфлуенсерката и јутјуберка Кристина Кики Ѓукиќ.

Прва на погребот пристигнала нејзината мајка Наташа, нејзината сестра како и колегите и пријателите на Кики.

Атмосферата на гробиштата била траорна, додека речиси сите биле во солзи и за последен пат се простувале од неа.

На барање на родителите, Кика е испратена со песната на Дивљи кестен, Кристина.

Она што дополнително ги скршило од болка сите оние кои сакале да се поздрават од неа, бил белиот ковчег и белиот крст на кој било испишано нејзиното име и презиме.

Јутјуберката инаку почина на 8 декември на 22 години, а за во следните денови семејството најави и детали околу причините за нејзината смрт.

Српските медиуми пишуваат дека нејзиното семејство го испочитувало и обичајот освен бел ковчег, да ја облечат младата во венчаница бидејќи не успеала да се венча додека била жива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.