Постои една стара изрека која вели – „среќен е колку е тежок“, а во случајот со овој неименуван човек тоа е навистина точно. Имено, на Инстаграм се појави кратко видео на кое се гледаат две лица, маж и жена, како стојат на улица и разговараат. Без да очекуваат ништо, врз паркираниот автомобил пред нив паѓа прозорска рамка, која се одбива од покривот на автомобилот и паѓа токму врз човекот. Кој имал луда среќа да помине без посериозни повреди. Истото важи и за неговата соговорничка.

Коментари под видеото има најразлични, а дел гласат вака:

– Кога ќе се родиш среќен

– Овој треба да игра лото
– Ангелите го чуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.