Британскиот принц Чарлс прв пат денеска се обрати на јавноста откако е заразен со коронавирусот и тоа преку видео-порака во која раскажа како ја прележал инфекцијата.

Неодамна имав инфекција со коронавирус, за среќа со релативно благи симптоми и сега сум на другата страна на болеста, но сепак во не помалку социјална дистанца и општа изолација – вели Чарлс, испраќајќи порака за поддршка до сите постари граѓани на Велика Британија на кои, според него, им е најтешко во моментов.

Бидејќи сè повеќе разбираме, ова е чудно, фрустрирачко и стресно искуство кога присуството на семејството и пријателите веќе не е можно и одеднаш се губат нормалните животни структури – вели тој, заблагодарувајќи им се на сите кои мислат на постарите граѓани и во овие времиња.

71-годишниот принц е основач на фондацијата АГУК, која има за цел да им помогне на лицата од трето доба.

На 25 март беше откриено дека Чарлс има коронавирус, а една недела подоцна беше објавено дека тој закрепнал и повеќе не е во изолација. За прв пат од објавата за коронавирус, јавноста можеше да го види како им аплаудира на медицинскиот персонал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.