Седум лица починале, а уште двајца се на интензивна нега во кома откако на забава почнале да пијат средство за дезинфекција на раце, наводно, зошто алкохолот им се потрошил. Инцидентот се случил во рускиот регион Татински.

Како што пренесуваат руските медиуми, станува збор за антисептикот со 69% метанол, кој бил најпродаван за време на пандемијата.

Четириестиедногодишна жена и двајца мажи на возраст од 27 и 59 години биле првите тројца што починале пред медицинската екипа со хеликоптер да ги пренесе останатите во Јакутск, главниот град во дистриктот.

Во петокот починале уште три лица на возраст од 28, 32 и 69 години, додека денеска почина уште едно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.