Работењето од дома е нешто на што голем број луѓе на светот мораа да се навикнат поради пандемијата на корона вирусот, која исто така го смени начинот на поминување време со нашите најблиски.

Сепак, и во време на пандемија не треба да се занемарува љубовниот живот, поради што предлагаме седум идеи за романтичен состанок што можете да го имате во удобноста на вашиот дом.

1. Гледајте филмови

Има толку многу филмови кои можете да ги одберете, како што се „10 Things I hate About You“ (1999), „Something’s Gotta Give“ (2003), „Love, Actually“ (2003),итн. Ова се само неколку од одличните предлози за филмска вечер која може да ви помогне да постигнете романтично расположение.

2. Играјте игри

Ако барате смешни и симпатични идеи за состаноци во зима, размислете за водење малку пријателско натпреварување. На пример, можете да играте класична игра карти или пак да пробате некоја сетска игра.

3. Танцувајте

Пуштете музика, фатете ја раката на вашиот партнер и едноставно уживајте во вашиот романтичен состанок. Ако навистина сакате да научите нови потези, лекциите за танцување преку Интернет можете да ги претворите во ново зимско хоби.

4. Имајте состанок на плажа

Ако сакате песок, вода, природа, тогаш сигурно ќе ги цените романтичните идеи за состаноци покрај езеро, река или на плажа. Да, можеби не е можно да имате забавен состанок на плажа во зима, но бидете креативни и донесете ја плажата и летото во вашиот дом. Пронајдете украси кои потсеќаат на лето и плажа, пуштете латино музика со океански бранови. Направете коктели, опуштете се и уживајте.

5. Пикник

Ако е ладно надвор, направете пикник дома. Едноставно порачајте зачинета храна, гушкајте се под ќебе и ќе бидете чекор поблизу до предиграта.

6. Гответе заедно

Изберете рецепти од интернационална кујна што не сте ја пробале и истражувајте во готвењето на нешто различно.

7. Караоке

Ако сакате да поминете навистина смешен романтичен состанок, размислете да ги отпеете вашите омилени песни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.