Џорџе Ласковтц од Србија кој ѕверски ја претепа својата девојка, молел да го сместат во самица бидејќи се плаши од останатите затвореници кои му се заканиле дека ќе го претепаат до смрт, нарекувајќи го со погрдни имиња бидејќи бил кукавица и кренал рака на жена., пишуваат српските медиуми.

Освен закани од затворениците, дој доби и закани по живот на неговиот фејсбук профил.

Судскиот вештак и неуропсихијатар вели дека тој уживал додека ја малтретирал и тепал девојката.

Се работи за пореметена личност. Психопатите знаат дека мачењето е забрането, но уживаат во тоа.Ситница може да ги налути и тогаш од нив излегува бес кој е таложен со години.Девојката ја третирал како робинка, сакал да ја докрајчи отишол да ја бара и во болница. Штом се најде на слобода тој повторно ќе го направи истото и со друга девојка со која ќе биде во врска- рекла докторката.

Докторката нагласи дека најинтересно е што ваквите личности се секогаш културни, фини и никогаш не го покажуваат бесот на почетокот.

Ивана не смеела да го напушти, се плашела од него и научила да живее во такви услови, со тек на време траумата ќе избледи, но никогаш нема да може да заборави, рекла докторката.

Ивана вчера е отпуштена од болница каде помина 6 дена поради тешки повреди.

И велел дека ќе и го убие целото семејство ако пријави во полиција. Бил патолошки љубоморен, и велел дека со голи раце ќе и ја откорне матката ако каже некому. Знаел да и се јавува на 10 минути за да ја провери- раскажала другарка на Ивана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.