Пред два дена принцот Вилијам (38) ја прими првата доза на вакцината.

Во вторникот, ја примив првата доза на вакцина, им благодарам на сите што работат на имунизација и за сè што направија досега – рече принцот Вилијам.

Војводата објави фотографија која е направена токму во моментот кога бил вакциниран, носел маска и ги почитувал сите мерки предвидени за оваа пригода.

Палатата не соопшти која вакцина ја примил Вилијам, но објасни е дека тој ќе може да избере помеѓу „Фајзер“ и „АстраЗенека“ бидејќи има помалку од 40 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.