Германец на 63-годишна возраст доби убаво божикно изненадување кога чесен пронаоѓач му го вратил ранецот во кој имало подароци и 16.000 евра во готово, кои ги заборавил под дрво.

Случаен минувач (51) ја известил полицијата откако пронашол ранец, од кој што случајно се спрепнал во близина на центарот на Крефелд, во Германија, нешто пред полноќ на Бадник.

Полицијата брзо го идентификувала сопственикот, на кого му го вратиле ранецот со пари.

Човекот кој ги нашол парите „ја одбил наградата затоа што е Божик“, соопшти полицијата на Фејсбук.

„Навистина има луѓе кои прават добри дела на Божик.“

Во Германија, секој што ќе врати пронајден предмет може да добие награда чија вредност се заснова на вредноста на пронајденото. Во овој случај, пронаоѓачот можел да добие 490 евра доколку сакал да ги земе.

Сопственикот на ранецот изјавил дека носел многу пари со себе затоа што сметал дека се побезбедни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.