Луксузен стан направен во реновирана викторијанска бања од 19. век, е понуден на продажба за еден милион фунти (околу 1,11 милиони евра). Станот се наоѓа во зграда во гратчето Пенарт во Велс и е навистина оригинално и уникатно место за живеење.

Објектот првично служел како јавна бања, во која два базена се полнеле со морска вода. Бањата била затворена во 1980-те, кога просторот бил претворен во ресторан, а потоа во 2005 година била поделена во четири одделни простории. Една од нив денес е станоt што се нуди на продажба.

При дизајнирањето на станот се задржани тули и некои прозорци од оригиналната бања, како и челичните греди и стакларникот на таванот. Сепак, ентериерот е преуреден и претворен во луксузен и модерен простор за живеење. Има и подно греење, а на вториот кат има теретана и тераса.

Станот е опремен со сауна за релаксација, џакузи, тушеви… Има три спални соби и две бањи.

Главната дневна соба сѐ уште ги има оригиналните прозорци и малку повеќе обложени sидови од тули, како и камин и скали што водат до вториот кат. На истиот простор се наоѓа и добро опремена кујна со кафемат и други современи, софистицирани апарати.

На горниот кат, пак, покрај спалните, има и просторија што може да се користи за работа од дома.

Во близина на станот има карпи и шеталиште покрај морскиот брег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.